Здравје

Омикронот кај децата е доминантен, специфичен еден симптом

Сојот омикрон во последните денови е доминантен во светот. Светските медиуми пишуваат дека омикронот ги напаѓа децата многу повеќе од претходните варијанти од ковид-19, па затоа е поголем и бројот на хоспитализации.

Како што пишува Си-ен-ен, се забележува специфичен симптом кај децата, особено оние помали од 5 години, а тоа е карактеристично кашлање слично на лаење од куче или фока. Иако ова кашлање само по себе не е опасно, сепак, за родителите може да звучи застрашувачки. Причината што баш овој симптом е доминантен, како што тврдат лекарите, е тоа што омикрон има тенденција да се задржи во горниот дел од респираторниот систем наместо да се симне во белите дробови.

„Дишните патишта кај малите деца се многу кратки, така што малку е потребно да се создаде проблем и тешкотија при дишењето“, вели лекарот Бади Крич, педијатар специјалист за инфективни болести од Универзитетот во Нешвил, Тенеси. Кога детето со воспалени дишни патишта диши, тоа прави карактеристичен звук, како споменатото лаење од куче. Многу сезонски вируси предизвикуваат инфекција на респираторниот тракт и доведуваат до бронхитис. Сега на таа листа треба да се додаде и омикрон.

Она што е добро во сето тоа е што ваквиот вид воспаление на дишните патишта им е многу добро познато на лекарите. Тоа е една од првите дијагнози за кои преку искуство учат лекарите и е една од најчестите кај малите деца.

Д-р Ејми Едвардс, педијатар за инфективни болести во Универзитетската болница за бебиња и деца во Кливленд, се согласува со овие забелешки. Иако оваа кашлица звучи застрашувачки, тоа не значи дека постои проблем со белите дробови, рекла таа. „Основна терапија е одржување на горните дишни патишта чисти, преку инхалација“, објаснила Едвардс.

Таа и другите експерти сакаат да ги уверат родителите дека поголемиот дел од малите деца со ковид-19 може да имаат поблага болест. Но, можно е да развијат и сериозни компликации кои бараат хоспитализација. Податоците во САД покажуваат дека е зголемен бројот на хоспитализации кај децата и тоа на возраст под 5 години. Вакцините се еден од најдобрите начини за заштита од инфекција, но тие сè уште не се препорачани за најмладите. Сепак, експертите велат дека најдобрата одбрана за невакцинираните деца е да ги опколите со возрасни лица околу нив кои се вакцинирани.

„За оние што не се вакцинирани, ова ќе биде тежок период. Тоа може да ги вклучува и малите деца, па затоа треба да се заштитат најдобро што можат“, заклучуваат експертите.

Автор: Ерика Едвардс/Лора Стиклер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top