Воспитување

Да биде оптимист, упорно, храбро и да ги совладува фрустрациите. 4 лесно применливи совети

Без разлика дали е пропуштена роденденска забава поради социјалното дистанцирање или тешка домашна задача, постојат неколку најдобри зборови што можете да му ги кажете на детето за да го охрабрите и да му помогнете да ја зголеми самодовербата.

Живееме во чудно време. Училиштата се затворени, бизнисите се затворени, постојано треба да седиме внатре, а одделот за тоалетна хартија во маркетите секогаш е празен. Покрај измешаните емоции поради оваа пандемија, децата исто така поминуваат низ чуден и сосема непознат период и самите. Како да им помогнете?

„Дозволете им на децата да поставуваат прашања и давајте им искрени одговори, поткрепени со факти за она што се случува“, вели Франсин Зелтцер, детски психолог во Лонг Ајленд, Њујорк. „Важно е да се адресира прашањето зошто – зошто училиштата се затворени, зошто не може да си ги видиме пријателите, зошто луѓето носат маски – па ако не сте сигурни за одговорите, кажете им го токму тоа, па консултирајте се со некој што може да помогне“, додава д-р Зелтцер. Ако им давате можност на децата да поставуваат прашања, вие им помагате да се чувствуваат поопуштено. „Запомнете дека децата се како сунѓери, апсорбираат толку многу информации од сето она што се случува околу нив, дури и кога мислите дека не слушаат“, вели Зелтцер.

Ќе има периоди кога детето нема да поставува прашања, но ќе се бори со настанатата ситуација. Применете неколку од следните совети.

Како да го охрабрите детето да ги гледа и позитивните страни

Потенцирајте ги позитивните нешта од ситуацијата. Колку и да изгледа нешто лошо, секогаш фокусирајте се на добриот аспект. „Но, пред да преминете на доброто, уважете ги и оние работи што прават детето да биде нерасположено и вреднувајте ги неговите чувства“, вели Жаклин Шлиски, клинички психолог кој работи со деца. Таа сугерира дека треба да се обрне внимание и на негативните работи, но и тие да се валидизираат, особено кога се работи за чувствата на децата. Покажете прво дека разбирате, а потоа понудете начин за справување со ситуацијата. Шаблонот нека се состои од вреднување на чувствата, понуда на позитивни афирмации, па активности за поттикнување на детската возбуда.

Како да го охрабрите детето повторно да се обиде

Учењето од дома не е тешко само за вас, туку и децата треба да се навикнат дека мама и тато се претвориле во наставници во одреден дел од денот. Како родители, може и да не знаеме кој е правилниот начин за да подучуваме или да ги охрабриме децата да продолжат напред. „Имаш чувство дека не си добар во ова бидејќи не вежбаше доволно, но колку повеќе вежбаш, толку подобар ќе бидеш“, вели д-р Шлиски. Исто така, потенцирајте кога детето на нешто работи, без разлика на резултатот, туку осврнете се на неговиот вложен труд. Можете и да го наградите детето за малите достигнувања. На некои деца им е потребна дополнителна мотивација, па направете сè што е потребно да им помогнете.

Како да го охрабрите детето да биде храбро

Ако сакате детето да биде храбро, покажете му храброст. „Дозволете му на да биде сведок на вашето излегување од комфорната зона“, вели д-р Шлиски, Со многуте денови поминати дома, детето може да реализира повеќе активности отколку порано, на пример, да учи да вози велосипед, ролери и слично. „Ова е добра можност за децата да учат нови работи додека се опкружени со семејството и може да се потпрат на родителите и браќата и сестрите секојдневно за помош“, вели таа. Кога ќе дојде моментот вашиот карактер да биде ставен на тест пред вашето дете, покажете му ја силата што ја поседувате за да излезете од вашата комфорна зона – така ќе градите чувство за заедништво кое и тоа ќе го присвои – вели д-р Шлиски.

Како да го охрабрите детето да работи и покрај фрустрациите

Справувањето со фрустрациите пред пандемијата било поразлично. Децата се фрустрираат кога сакаат да направат нешто самите, кога имаат очекувања и кога им се одбиени некои желби. „Важно е родителите да бидат малку потрпеливи и да им простуваат на децата, но и себеси. Нормално е децата да имаат промени во расположението и однесувањето во овој период и да бидат почувствителни од вообичаено“, вели д-р Зелтцер. Одвојте време да се поврзете со вашето дете, послушајте ги неговите фрустрации и грижи и обидете се да разберете зошто се чувствува така. Прифатете ги неговите чувства, дајте му до знаење дека разбирате и кажете му дека ќе му помогнете. Неколку од начините е да седи на омилениот стол, да ја слуша омилената песна или длабоко да диши со затворени очи, со цел да се почувствува посмирено кога се соочува со фрустрации.

Автор: Џена Аутуори Дедиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top