Игротека

Охрабрете го детето да си го средува нередот

Сигурно многу пати сте влегле во вашиот дом и веднаш ве фатило паника поради работите што се наоѓаат на подот?

Да се натераат децата да си ги средуваат работите е нешто со кое се борат многу родители. Или сето тоа завршува со солзи или сте принудени сами да средите, затоа што сте се умориле од зборување и убедување.

Децата живеат од еден момент до друг. Штом се уморат од една активност, тие се префрлаат на наредната без да размислат за тоа. Додека за вас хаосот што го оставиле зад себе е вознемирувачки, ним воопшто не им пречи.

Децата сакаат да предизвикуваат неред и хаос, но мразат да чистат и да средуваат. Со собирањето играчки не само што куќата ќе биде чиста, туку и кај децата ќе се всади чувство на одговорност. Иако е полесно вие да расчистите, подобро е кога децата би средиле.

Како да го охрабрите вашето дете да си го средува нередот? Ви нудиме неколку совети.

Објаснете му ја важноста на чистењето

Додека е очигледно за вас, вашето дете не сфаќа зошто е важно да си ги среди играчките. Објаснете му дека ако работите не се средат, некој може да се сопне, да падне и да се повреди. Исто така, некои работи може да се загинат.

Поставете правила

Објаснете им на вашите деца дека сте решиле да не им го средувате нередот. Споделете ги очекувањата со нив. На пример: „Кога ќе завршите со некоја игра, треба да си ги соберете работите пред да почнете да играте со нешто друго“. „Ако заборавите, јас ќе ве потсетам еднаш, а потоа ако повторно заборавите, јас ќе ја тргнам настрана играчката и нема да имате пристап до неа додека не помине еден месец“. Исто така, можете да им дозволите на децата сами да одлучат кои ќе бидат последиците од несредувањето.

Внимателно изберете ги зборовите

Ако кажете: „Исчисти“, нема да направите ништо, но ако кажете: „Среди ги книгите и потоа оди кај автомобилчињата“, тогаш можете да очекувате да го направи тоа. Кога ќе ги разложите активностите на помали задачи, вашите деца ќе можат да ги извршат.

Награда за добро завршената работа

Имајте табела во кујната или на кое било друго видно место во домот. Штом вашето дете ќе заврши со средувањто, дајте му стикер кој ќе го стави на табелата. Можете да му ветите и поголема награда откако ќе заработи одреден број стикери. Запомнете дека треба да му дадете комплименти на детето за неговата напорна работа.

Автор: Роб Фостер

Слична содржина:

Домашни обврски. Ме слуша ли некој во куќава?

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top