Многу родители се соочуваат со проблемот како да воспитаат дете во општество полно со стереотипи. Освен образованието, постои и проблемот со стереотипите на сметка на изгледот. Момчињата имаат кратка коса, а долгата коса е резервирана за девојчињата.
Рокун Медоус-Фернандез е мајка на мало двегодишно дете. Таа одлучила да не му ја крати кадравата коса. Но, немала поим какви последици ќе има нејзината одлука.
-Семејството, пријателите и познајниците ме благословија со дарот да ги игнорирам непобараните совети за косата на мојот син – рекла Рокун.
Ова се само некои од изјавите и прашањата што ги слушнала:
„Ауу, твојата ќерка е толку слатка!“
Сфаќам дека на оваа возраст типичните родови карактеристики претежно не постојат. Мојот син нема мустаќи или мускулесто тело како неговиот татко. Искрено, тој едноставно изгледа како личност. Но, зошто луѓето велат „таа е толку слатка“ кога носи маица на која пишува „татино мало човече“.
„Го кажав тоа затоа што изгледа како девојче“
Кога ги поправам луѓето, речиси секогаш добивам одговор: „Мислев дека е девојче затоа што е толку убава“. Во ред, не сум сигурна што значи тоа. И момчињата можат да бидат убави како девојчињата. Не разбирам како луѓето сè уште можат да имаат застарен поглед на родовите маркери, а да не одат чекор понатаму и да размислуваат за свет каде што момчињата можат да бидат наречени убави и да имаат долга коса.
„Може ли да ја допрам?“
Нашите деца не се домашни миленици. Никогаш не прашувајте ме дали можете да ја допрете неговата коса (без оглед на текстурата) освен ако не сакате да се справите со мојот внатрешен црн пантер. И не сум единствената што се чувствува така.
Навистина ме шокира кога некој посегна и му ја допре косата. Во исто време сум лута и тажна што луѓето чувствуваат потреба да му ја допрат косата тукутака – објаснила мајката на црвенокосото момче со кадрава коса.

„Би бил големо момче ако се потстрижи“
Има две години – нема да изгледа како големо момче без разлика на сè. Знаете зошто? Затоа што е дете. Малите деца имаат лица и тела што се на половина пат помеѓу бебе и големо момче или девојче. Не морам и не сакам да го забрзувам тој процес.
„Кога ќе се потстриже?“
А вие кога ќе ги платите вашите казни за паркирање? Кога последен пат бевте на забар? Не ви се допаѓа да ви поставуваат лични и интимни прашања, нели? Истото важи и за косата на мојот син. Неговата коса е уредна и чиста и изгледа исто како на другите двегодишни деца. Давањето непосакувани коментари за косата на мојот син е исто толку инвазивно како и прашувањето за нечија тежина или стил на облекување. Тоа не е ваша работа и не оптоварувајте се со тоа.
„Ќе му дозволиш ли на детето да одлучи кога да си ја скрати косата?!“
Клучен аспект на авторитарното родителство е да им дадете на вашите деца слобода сами да донесуваат разумни одлуки. Не е ништо поразлично и да не им дозволите да донесуваат одлуки за својот изглед. За мајките на момчиња со долга коса, не обрнувајте внимание на коментарите на другите луѓе.