Воспитување

Одвикнување од цуцла: Бидете многу трпеливи и почнете полека

Ако сакате детето да се одвикне од цуцлата, имајте на ум дека не треба да го започнувате овој потфат при големи промени во животот на детето.

Тој процес нека започне во време што не се совпаѓа со големи настани, како тргнување во градинка или одвикнување од пелени.

Кога мислите дека е вистинското време, поставете некои граници за тоа кога може да се користи цуцлата. На пример, само додека спие, додека се вози или кога детето е во креветчето. Бидете трпеливи, може да ве очекуваат нервози и несоница.

Потоа изберете го денот кога цуцлата треба да замине од сликата. Ако одвикнувате дете под 12 месеци, можете да го направите тоа веднаш. Фрлете ја цуцлата во канта и подгответе се за неколку тешки денови и ноќи.

Ако детето е постаро, објаснете му што се случува. Фрлете ги заедно цуцлите и „прославете“ ја ситуацијата со награда.

Автор: Анамарија Дукши

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top