Воспитување

Однесување на децата чии родители се премногу строги

Многу родители применуваат некаква строга дисциплина при воспитувањето на своите деца. Но, доколку претераат и почнат премногу да ги контролираат и да бидат строги со нив, нивните постапки можат да предизвикаат несакано однесување кај нивните деца. Децата што живеат со премногу строги родители може да развијат различни типови однесување со текот на времето.

Ова се можните последици:

Се повлекуваат во себе и стануваат премногу таинствени

Децата што се соочуваат со чести критики и строгост од нивните родители, може да станат таинствени кога се со своите родители. Таквите деца имаат тенденција да ги кријат своите активности, желби и слично, поради страв од казна и неодобрување. Со текот на времето, тие стануваат помалку отворени во комуникацијата со своите родители и не им откриваат речиси ништо за себе.

Непрестајно преиспитување

Како што растат, децата честопати може да се запрашаат дали нивните родители ги ограничиле од активности соодветни за нивниот дом и дали управувале со нивните животи. Честопати ќе бидат несигурни во донесувањето одлуки бидејќи нема да бидат сигурни дали тоа е нешто за кое сами одлучиле, или е резултат на строго воспитување од страна на родителите кои ги научиле да размислуваат на одреден начин.

Промени во расположението

Строгото родителство создава притисок кој не ги стабилизира емоциите и може да доведе до различни реакции и испади. Покрај фрустрираните реакции на децата, кои не знаат како всушност да си помогнат, вообичаени се и промените во расположението поради постојаниот стрес под кој се наоѓаат.

Ниска самодоверба

Постојаните критики или нереалните очекувања од родителите можат да направат децата да се чувствуваат безвредни, намалувајќи ја нивната самодоверба. Ова може да има негативни долгорочни последици врз нивното ментално здравје и слика за себе. Затоа е важно родителите да го препознаат нивното однесување и да го приспособат.

Зголемена анксиозност

Стравот од грешки или неуспех и строгите реакции на родителите на нив, ги принудува децата да живеат во постојана состојба на напнатост и стрес, што влијае врз нивното целокупно ментално здравје.

Некои деца јасно се противат на ваквото однесување од нивните родители

Друго можно однесување на децата кои живеат со строги родители е бунтот. Децата ќе почнат да се бунтуваат против авторитетот и ќе дејствуваат ако чувствуваат дека се премногу контролирани. Тие го прават тоа за да добијат или да ја вратат независноста и автономијата, да се изразуваат слободно и да имаат право на свое мислење.

Социјална изолација

Како резултат на строгото родителство, децата можат да станат изолирани од општеството, затоа што се чувствуваат погрешно разбрани и ограничени. Исто така, избегнуваат да создаваат и негуваат пријателства бидејќи строгите родители постојано ги критикуваат, дури и при изборот на пријатели.

Недостиг на мотивација

Во некои случаи можно е да се забележи недостиг на мотивација и желба кај децата. Децата ја губат волјата да се обидат или да се откажат од задачите пред нив, кога нивните напори се сметаат за недоволни или често се критикувани.

Пркос

Како последна можна промена во однесувањето, децата кои растат со строги родители може да почнат намерно да ги кршат правилата или да бидат пркосни во однесувањето. Тие го прават тоа за да го намалат стресот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top