Воспитување

Однесувајте се кон вашето дете како кон крал – тибетска уметност на родителството

Тибетскиот начин на одгледување семејство е многу различен од западниот начин. Според книгата „Тибетска уметност на родителството: од пред зачнување до раното детство“, постојат четири клучни фази во развојот на детето.

До 5 години: Однесувајте се кон вашето дете како кон крал

Тибетанците веруваат дека во првите години од животот детето треба да се третира како крал. Сепак, мора да биде видлива јасна линија помеѓу послушноста и разбирањето. Ништо не треба да се забранува, но на детето преку пренасочување на вниманието треба да му се даде јасно до знаење дека не смее да прави сè што сака.

„Активноста, љубопитноста и интересите се формираат во првите години. Родителот не смее да заборави дека детето сè уште не знае да размислува логично и дека казнувањето за грешките ќе ги доживува на погрешен начин“, пишува авторката на книгата, Ен Хубел Мејден.

Од 5 до 10 години: Однесувајте се кон детето како кон роб

Тибетанците веруваат дека децата на возраст од 5 до 10 години треба да се третираат како робови. Треба да им се дадат задачи што треба да ги завршат. За неуспешно завршените задачи треба да бидат казнети, но со објаснувања и совети. Физичкото казнување треба да се избегнува по секоја цена.

„Ова е време кога интелигенцијата активно се развива. Детето мора да научи да ги предвидува реакциите на луѓето за неговите постапки. Фокусирањето на зајакнувањето на детето со љубов кон знаењето мора да биде главниот фокус и приоритет“, вели Хубел Мејден.

Од 10 до 15 години: Однесувајте се кон детето како да е рамноправно со вас

Иако сте поискусни и поедуцирани, детето од 10 до 15 години треба да се третира како еднакво на вас.

„Сега е време да разговарате со вашето дете за сите важни прашања, за да се обезбеди и промовира неговата независност. Постојаното давање совети додека ги слушате неговите барања и предизвици сега треба да биде вашиот главен фокус. Во ова време се развива автономија и независност на мислата“, објаснува авторката.

Од 15-годишна возраст: Однесувајте се кон детето со почит

Почитувањето е последната, но не и најмалку важна лекција за вашето дете. Сега е веќе предоцна да се научи на какви било други вредности. Време е да ги жнеете плодовите од вашиот труд.
Во текот на овие четири фази, тибетските родители применуваат шест правила кои можат да го олеснат воспитувањето:

-Почитувајте ја едноставноста на умот на детето.
-Не занемарувајте ги имитацијата, меморијата, допирот и движењето.
-Создајте чиста средина за подучување.
-Фокусирајте се на основните вредности.
-Создајте хармонија за сите.
-Без понижување и физичко казнување.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top