Доколку во одреден момент сакате малку мир на плажа, овој трик што го објавила Алекс Џефрис од САД на „Инстаграм“ може да ви помогне. Таа на своите деца им дала водени боици и им дала задача да ги бојат школките што ќе ги најдат на плажата. Децата со ентузијазам се фатиле за работа, а таа конечно се одморила од нивните барања. Напоменала дека купила нетоксична боја, а бојадисаните школки не ги оставиле на плажа, туку ги однеле дома како сувенир.

Таа ги воодушевила своите следбеници, кои и оставаат главно позитивни коментари. „Генијална идеја, браво!“ „Јас трчам утре по тие бои“. „Го правиме тоа околу нашиот базен“. „Кога сакам малку мир, ги пуштам надвор да ги обојат плочките“. „Ова е генијално!!!

Автор: Сара Бул

Извор



912

X