Игротека

Одговорност на високо ниво – мало момче од Индија бара од туристите да стават маска

Штом летото е во својот подем во Северна Индија, луѓето трчаат кон повисоките предели за да уживаат во опуштена атмосфера. Но, пандемијата на коронавирусот сè уште не е готова, а туристите го користат летниот период за чести прошетки. Видео кое ги тера луѓето да размислат и да сфатат дека заштитата сè уште треба да биде на прво место станало вирално.

Во него се гледа мало момче кое им вели на туристите да носат маски на улиците на Дарамшала, Индија. Тоа ги сопира луѓето со пластична палка во раката. Луѓето најчесто го игнорираат детето со суптилна насмевка на лицето и си заминуваат. Админот на страницата што го сподели видеото напишал: „Ова мало момче беше видено на улиците на Дарамшала барајќи од луѓето да носат маски. Нема дури ниту чевли на нозете“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top