Игротека

„Одбрав име за моето дете, но семејството ми вели дека тоа име не треба да биде легално“

Кога се работи за избор на име за вашето дете, нема на сите да им се допаѓа вашиот избор. Една бремена жена била повредена кога членовите од семејството на нејзиниот сопруг ѝ рекле дека името што таа сака да ѝ го даде на ќерка си е „најлошото име“ и дека „не треба да биде легално“.

Братот на нејзиниот сопруг ѝ ги упатил овие коментари, а исто така своите мисли ги споделил и онлајн. На објава на платформата „Редит“ открил како неговиот брат и неговата сопруга планираат да го именуваат детето и прашал дали не бил во право што им кажал колку многу не му се допаѓа нивниот избор. Па напишал:

„Минатиот викенд се приклучив на семеен повик на Зум каде што мојот брат со партнерката сакаше да го најави името на новото бебе откако поминале речиси месец во размислување. Возбудено објавија дека мојата внука ќе се вика – Алиби. Мојата снаа читала книга и ги затворила очите, па случајно со прстот покажала на некој збор на страницата надевајќи се дека така ќе го добијат можното име. Зборот бил алиби. Рече дека заборавила на тоа сè додека не почнала да го гледа и слуша зборот во наредните денови, на различни начини – на ТВ, на постери, на радио итн. Потоа сонувала дека нејзиното бебе ѝ зборувало и ѝ рекло дека се вика Алиби. Рече дека звучело прекрасно, егзотично, мистериозно и уникатно.

Исто така, рекоа дека името ќе треба да се изговара целосно – без кратенки и прекари, бидејќи така ќе исчезнела уникатноста“.

Братот признал дека сите биле премногу изненадени од сето ова, па истакнал: „Ова е буквално најлошото име што сум го слушнал. Дали се шегувате?“

Овој коментар ја вознемирил неговата снаа, па сега неговиот брат очекува извинување.

„Мојот брат и родителите сакаат да ѝ се извинам на снаата, а притоа во извинувањето да го вклучам тврдењето дека сум го променил мислењето и дека Алиби е всушност супер име“.

„Се извинив што ја вознемирив, но одбив да лажам дека името ми се допаѓа и сега се расправам со нив. Сè уште мислам дека името не треба да биде легално“.

Повеќе од 1.000 луѓе коментирале на објавата споделувајќи ги своите размислувања, но на крајот било одлучено дека братот не згрешил што дал свое мислење во однос на името.

Еден корисник рекол: „Алиби е ужасно име за дете. Сте се извиниле што сте им ги повредиле чувствата и тоа е сè што сте можеле да направите“.

Друг одговорил: „Тоа дете ќе биде нарекувано Али при првата шанса што ќе се појави“.

Трет, пак, напишал: „Родителите им даваат глупави имиња на децата. Именувањето на детето не е само право, туку и одговорност. Секој што нема да ја сфати таа одговорност сериозно со имиња како Алиби, Калиси, Мекензи итн. очигледно не мисли во најдобар интерес за детето“.

Автор: Кортни Почин

Извор

Поврзани написи

To top