Воспитување

Одбил му биде кум на детето на пријателот зашто добил список со луди барања

Анонимен маж на платформата „Редит“ споделил како неговиот пријател го нарекол себичен затоа што поради лудите барања, одбил да му биде кум на неговото дете. На почетокот човекот бил среќен што бил избран, но ентузијазмот набрзо стивнал кога добил плик со договор и долга листа со луди барања.

Тој истакнал дека со неговата сопруга пред девет години запознале уште еден млад пар и се спријателиле, па не бил изненаден што сакале токму тој да биде кум на нивното неродено дете. Бил воодушевен, но потоа добил обврзувачки договор од пријателот и листа со барања – меѓу кои било и барањето дека мора и самиот да се крсти и да стане католик, а на детето да му даде 18.000 фунти.

На „Редит“ напишал и дека неговата сопруга и сопругата на неговиот пријател потекнуваат од Филипини и дека пријателот немал никој од своето семејство, па немал друга опција за кум на своето дете.

-Се согласив, а следниот ден ми остави плик со законски договор што требаше да го потпишам – рекол тој.

Од него било побарано и да присуствува на секој католички настан на кој ќе присуствува детето, како крштевање, исповед и друго. Пријателот рекол дека ќе мора да размисли дали да стане католик, како и за тоа да му дава на детето најмалку 500 долари за секој од тие настани – и за секој роденден и Божиќ, а од него се очекувало и да собира пари до 18-тиот роденден на детето за неговото образование.

Остатокот, се вели во договорот, ќе го обезбедат родителите.

-Сериозно?!? – напишал тој.

Но, кога му се јавил на пријателот и му објаснил дека не може да го потпише договорот затоа што од него премногу се бара, пријателот се налутил, му рекол дека е себичен и му го блокирал бројот. Неговата сопруга исто така.

-Не е важно, јас не сум лут, само не гледам како јас сум себичен, а тој не е? – заклучил тој.

Извор

Поврзани написи

To top