Образование

ODAS Education – нова дигитална образовна платформа за поедноставно учење надвор од училишниот материјал и поттикнување на индивидуалното размислување

ODAS Education е нова дигитална образовна платформа со која учењето предмети надвор од училишниот материјал, како и учењето на далечина е полесно и подостапно. Студиите покажуваат дека аудио-визуелното учење е особено поквалитетно од читањето од школските учебници и меморирањето тривијални факти. Токму таков пристап кон учењето има ODAS, при што цели кон подобрување и реформирање на целокупниот образовен систем во земјава. Оваа платформа веќе има членови и корисници од различни градови.

Уникатноста на ODAS се состои од иновативните начини на учење и поттикнувањето на индивидуално размислување кај младите, како и фактот дека е платформа водена стриктно од млади лица под 17 години.

Дел од услугите на ODAS Education вклучуваат:

– Анимирани видеа на теми од (вон)училишните предмети,
– Интервјуа со еминентни личности кои имаат цел да ги приближат кариерните опции до луѓето од сите возрасти,
– Внимателно и детално анализирани дела, меѓу кои и делата потребни за матура,
– Едноставно објаснети и решени задачи по математика и физика,
– Кратки и интересни видеа во кои професори објаснуваат концепти од училишниот материјал,
– Совети од студенти и слично.

Имајќи предвид дека ODAS е релативно нова платформа, на почетокот од нејзиното работење материјалот ќе биде наменет за средношколци, а наскоро ќе биде пренаменет за сите ученици.
Планот е до крајот на следната 2021 година ODAS да се прошири и во државите од регионот, а со тоа да им помогне на илјадници ученици.
Следствено, потенцијалните инвеститори во оваа платформа ја оценуваат со високи оцени и сметаат дека има голем потенцијал за успех.

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top