Игротека

Од земјите во регионот, само во Србија има пораст на бројот на родени деца

Фејсбук-страницата „Географски кутак“ објави одлични вести поврзани со наталитетот во Србија.

Според „Географски кутак“, во Србија, првпат по 40 години е забележан пораст во бројот на првородени деца во споредба со претходната година, така што и покрај тоа што природниот прираст веќе некое време е во минус, постои трошка надеж.

Така, во 2021 година во Србија се родиле 62.180 деца, а во 2022 година се родиле 62.700 деца, што е за 0,8 отсто плус.

За разлика од Србија, сите други земји од поранешна Југославија бележат пад. Конкретно, Македонија бележи пад од -3,1 отсто: во 2021 година во Македонија се родиле 18.648 бебиња, а во 2022 година се родиле 18.073, што е за 575 бебиња помалку.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top