Воспитување

Од што најмногу се плашат децата: Шестата година е „најстрашна“

Стравот е природна емоција и реакција што произлегува од перцепцијата или очекувањето на реална или замислена опасност. Иако сме свесни дека стравот е очекувана и природна емоција, која има своја цел, многу често се наоѓаме во ситуација кога не знаеме што да правиме со него. Бидејќи ни е тешко да се справиме со нашите стравови, уште потешко е за родителите да се справат со стравот на своето дете.

-Развојот на детскиот страв има свои закони. Како што децата растат, тие ја развиваат својата способност да го разбираат светот, и соодветно на тоа, децата разбираат некои работи, но не целосно. Во таков „меѓупростор“ понекогаш се појавуваат стравови – објаснува психологот Сандра Матошина Барбош.

Фундаменталната потреба на детето е возрасен на кого му верува да биде блиску до него, бидејќи тоа му дава сигурност. Оваа потреба е особено изразена во ситуации што му се непознати, на пример, кога се појавува нова личност или кога пристигнува на ново место. Дознајте кои се причините за детските стравови и како да им помогнете да ги надминат.

Корисно како и секоја друга емоција

-Во првите неколку години детето стекнува чувство на сигурност во своите способности и околината што го опкружува. Тоа го прави преку истражување, но секогаш во својата „безбедна зона“, која се зголемува како што детето расте и се развива. Многу е важно да се поттикне истражувањето – малку по малку, чекор по чекор – вели психологот Сандра Матошина Борбаш.

Стравот сам по себе не е лош, тој е корисен како и секоја друга емоција и нè штити во многу ситуации.

-Никогаш не кажувајте му на детето дека нема од што да се плаши бидејќи ако нема од што да се плаши, не би се плашело. Ќе учи од стравот постепено и за тоа е потребно многу трпение – советува таа.

Сепак, ако видите дека одреден страв го парализира вашето дете и не му дозволува да живее нормален живот и да ги исполнува своите секојдневни обврски, треба да контактирате со специјалист.

Стравови кај децата од раѓање до осум години

До тригодишна возраст – страв од одвојување од мајката.

3 години – страв од луѓе, маски, темнина, животни, полицајци и разбојници.

4 години – страв од гласни звуци, пожарникари, темнина, диви животни, од ноќи поминати далеку од мајката.

5 години – намалување на стравот од луѓе, но зголемување на стравот од неуспех, паѓање, кучиња и страв од мајката да не се врати дома.

6 години – многу страшен период, кога детето се плаши од звуци (ѕвонење на телефон, непријатни гласови). Постои страв од духови, вештерки, страв дека има некој под креветот, од загуба, страв од вода, оган, гром, молња, страв од осаменост, страв дека нешто ќе ѝ се случи на мајката. Во овој период децата стануваат похрабри кога станува збор за „сериозни“ повреди, но се плашат од трње, расеченици и крв.

7 години – страв од темни простори, тавани, подруми, духови и вештерки. Исто така, постои страв од шпиони, крадци, луѓе што се кријат во плакарот, под креветот… Многу стравови се појавуваат по некои страшни приказни, филмови, гледање телевизија. Исто така, детето се плаши да не доцни на училиште.

Повеќе од 8 години – помалку стравови, но детето се плаши повеќе од реални, опасни работи и ситуации.

Извор

Поврзани написи

To top