Образование

Од понеделник ќе почне доставата на ваучерите за интернет за социјално загрозените семејства

Центрите за социјална работа во земјава од понеделник ќе почнат со достава на 18.400 картички за мобилен интернет за социјално загрозените семејства во земјава. Околу 30.000 основци и средношколци со помош на донацијата на „Македонски телеком“ ќе добијат можност да следат онлајн-настава и да ја довршат тековната учебна година.

-Согласно препораките и мерките за заштита и превенција од Ковид-19, Министерството за труд и социјална политика направи план за достава на ваучерите до центрите за социјална работа, кои пак од понеделник ќе ја почнат доставата до семејствата – велат од МТСП.

 

Поврзани написи

To top