Возраста во која момчињата влегуваат во пубертет директно е поврзана со времето кога нивните мајки првпат добиле циклус, покажува нова студија.
Момчињата чии мајки порано добиле циклус, влегуваат во пубертет околу два месеца порано.
Студијата е направена во списанието „Хјуман репродакшан“, каде што е направена анализа на податоците на 16.000 мајки и деца од Данска.

Ментално здравје

Еден од авторите, д-р Ниш Брик од Универзитетот во Данска, изјави: „Секогаш кога еден пациент со задоцнет или ран почеток на пубертет доаѓа на лекар, тој се испитува за фамилијарната историја. Знаевме дека постои врска меѓу пубертетската возраст на мајката и синот, а сега нашите податоци од студијата го потврдуваат ова“.
Старосната граница за влегување во пубертет кај момчињата и девојчињата постепено се намалува во целиот свет.

Во Велика Британија, периодот кога децата влегуваат во пубертетот се намалува за 1 месец на секои 10 години. Просечната возраст за пубертет сега е:
11 години за девојчиња
12 години за момчиња

Експертите додаваат дека има подобрување на општата здравствена состојба и исхрана во индустријализираниот свет – но студиите исто така покажале врска помеѓу дебелината и раниот почеток на пубертетот.
Во 2015 година студијата покажала дека раниот или доцниот почеток на пубертетот има врска со зголемениот ризик од:
– Дијабетес
– Дебелина
– Рана менопауза
– Кардиоваскуларни заболувања.

Се смета дека девојчето рано влегло во пубертет ако има од 8 до 11 години, додека пак доцниот пубертет е помеѓу 15 и 19 години. Кај момчињата нормалниот пубертет започнува меѓу 9 и 14 години.
Американска студија открила дека почетокот на пубертетот кај девојчињата е исто така поврзан со зголемената веројатност за ментални здравствени проблеми во периодот на адолесценција.
– И генскиот фактор и факторите за животна средина недвосмислено влијаат врз времето кога се влегува во пубертет – вели д-р Кристин Волфарт-Веје, истражувач на Универзитетот во Копенхаген и авторка на едно од главните истражувања што се занимаваат со пубертетот и времето.
– Момчињата и девојчињата ја наследуваат тенденцијата за влез во пубертет на одредена возраст од своите мајки и татковци – вели таа.



912

X