Дали сите бебиња се раѓаат со сини очи? Да. Ова не е мит, туку факт. Дури откако ќе наполнат една година, бојата почнува да се менува во согласност со генскиот запис, но неретко се случува генот да „прескокне“ дури и две генерации, па дури тогаш да „исплива“. Така некои имаат зелени очи, какви што немаат ни мама ни тато, но затоа ги имала прабабата, на пример.
Понекогаш ниските родители добиваат изразено високо дете, а мајка и татко што имаат црна коса добиваат русокосо бебе. Тоа секако знае да внесе немир во семејството затоа што сите се прашуваат од каде токму таа боја, толкава висина, па сомнежите се надоврзуваат еден на друг.

Но, науката вели дека генот навистина може да се „вмеша“ кога најмалку го очекуваме, па експертите препорачуваат да се распрашате за физичките, но и за психолошките карактеристики на вашите предци. Најверојатно така ќе ги добиете сите потребни информации и одговори.



912

X