За мајката, спиењето со бебето е најубавото чувство. Во ова се уверила и една млада мајка.
Имено, кога Тринити Гомез легнала да го заспие своето дете, таа ја вклучила камерата од мобилниот телефон за да направи симпатична фотографија за спомен. Но, за брзо време и таа заспала.
Додека мајката спиела, бебето се разбудило, па го зело телефонот и збунето гледало во екранот. Видеото собра повеќе од 2 милиони прегледи, а многумина во коментарите се шегуваат на сметка на бебето.