Министерството за здравство информира дека од денес граѓаните може да се вакцинираат за ковид-19 без да закажат термин за вакцинација. Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.
Од денеска, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст. Министерот Филипче прецизира дека иако некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против ковид-19 како задолжително односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани, вакцинацијата на децата нема да биде задолжителна.
Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи. Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во поликлиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот.
За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во ситемот „Мој термин“.
Министерството за здравство апелира до граѓаните што помасовно да се вакцинираат, бидејќи единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација. Овие месеци се одличен период кога бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалени, достапноста на вакцините е голема.
Денес, како што информира Министерство за здравство, почнува теренската вакцинација во овие населени места во секоја од следните општини:
Делчево – Дулица
Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште
Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино
Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ
Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ
Свети Николе – Лозово
Кратово – Сакулица(Татомир,Вакав) Шопско Рударе, Коњух
Виница – Грлани, Калиманци
Демир Хисар – Слепче, Белче, Граиште
Струга – Радожда, Калишта
Ростуше – Врбјане
Дебар – Новак, Брештани, Праленик, Коџаџик, Елевци, Долгаш
Струмица – Водоча, Вељуса,
Босилово – Секирник, Петралинци
Неготино –Криволак
Радовиш – Раклиш, Калузлија, Подареш, Ораовица
Пробиштип – Турско Рудари
Валандово – Чалакли, Башибос, Кочули, Прстен
Кочани – Облешево
Кичево – Аранѓел, Жубрино, Поповјани, Јагол, Јагол Доленци
Кавадарци – Бегниште, Ресава
Битола – Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица, Гермијан
Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа
Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино
Македонски Брод – Самоков
Велес – Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец
Крива Паланка – Дурачка Река, Станци
Куманово – Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац, Челопек, Алгуња, Драгоманце Добрача, Коинце, Пузаљка, Врачовце, Пелинце
Скопје – Буковиќ, Бојане, Ласкарци, Чајлане