Тили Смит и нејзиното семејство уживале во утринска прошетка на плажата Ми Као во Пукет, Тајланд. Семејството од Велика Британија таму ги поминувало празниците, а 10-годишната Тили не можела, а да не ги забележи повлечената вода од океанот и чудните движења по површината. Брановите не доаѓале и заминувале како што секогаш се случува, туку само доаѓале. Две недели претходно на час по географија Тили учела за цунами. Гледале црно-бело видео од 1946 година кога цунами удрило во Хаваи, па додека се шетала на плажата, Тили била сигурна дека предупредувачките знаци се исти.

„Мора да е цунами“, извикала кон нејзиното семејство откако сфатила што се случува. „Мајка ми не ми веруваше – не реагираше и продолжи да оди“, изјавила Тили. Но, не се предала и продолжила да инсистира да си заминат. Знаела дека има земјотрес на брегот, а потоа дека следува цунами. Врескав: „Те молам мамо, врати се со мене, ако не го сториш тоа, нема да преживееш“, истакнала Тили.

Татко ѝ на Тили, вознемирен од тоа што го кажувала, ѝ помогнал да ги предупредат чуварите и персоналот од плажата, па сите помогнале во расчистувањето и отстранувањето на луѓето од шеталиштето.

Пени Смит, мајката на Тили, била една од последните на плажата кога бран од 9 метри почнал да се упатува кон брегот. „Пени трчаше, врескаше – земи ги децата – и гледаше наоколу како што водата надоаѓаше“, вели таткото Колин. Семејството и 100 други луѓе што биле на плажата дента успеале да стигнат до вториот кат кога водата удрила во хотелот. Нивната плажа била една од ретките на островот што немала жртви.

Тили Смит била именувана како „ангелот на плажата“ поради нејзината храброст. Била именувана за „дете на годината“ од читателите на детски француски весник, примила награда од Британската заедница на морнарите и го запознала поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

– Нејзината приказна зборува за важноста на учењето на младите лица за природните катастрофи. Сите деца треба да бидат запознаени со мерките за да знаат како да се однесуваат кога ќе се случи такво нешто. Приказната на Тили е потсетник дека едукацијата може да направи разлика помеѓу животот и смртта – рекол тој.

фотоизвор: ABC news

Тили упатила благодарност до нејзиниот наставник Ендру Кирни што ѝ го спасил животот.

– Да не беше тој, веројатно ќе бев мртва, па горда сум што ме научи – изјавила Тили.

– Моќта на едукацијата е разликата помеѓу успехот и поразот, или смртта и животот во овој случај, а за сето тоа нема замена. Без образование, луѓето се немоќни, а како што може да се забележи во оваа приказна, знаењето е моќ во однос на насочувањето на сопствените животи – рекол господин Кирни.

Сега Тили има 26 години, живее во Лондон и работи со чартери за јахти.

Инаку, 227.898 луѓе го загубиле животот во тој земјотрес што се случи во 2004 година во Индискиот Океан и предизвика цунами, кое ги уништи крајбрежјата на 14 земји, што значи дека тоа била една од најсмртоносните природни катастрофи во историјата на човештвото.

фотоизвор: ABC news

Тајланд исто така бил погоден, кога Тили и семејството биле таму, и биле регистрирани бранови високи до 30 метри. Многу туристи го загубиле животот во катастрофата. Тајланд сега има систем за детекција во Индискиот Океан кој предупредува веднаш откако ќе се случи земјотрес. Во 2004 година такви детектори имало само во Пацификот.

Автор: Гема Бат

Извор



912

X