Од 16 август (понеделник) повторно ќе се дружиме во Бибиверзум со програмата „90 минути учиме со Биби и Боби“! Се работи за програма во која децата ќе имаат можност да поминат 90 минути во просториите на „Светот на Биби“ во населбата Аеродром и да учат заедно со нивните омилени ликови и со едукаторите. Часовите ќе се одржуваат во текот на целиот ден, а родителите имаат можност да одберат термин и област за учење.

Оваа програма се препорачува за деца од 4 до 8 години со ограничени групи од најмногу 8 ученици.

Според Златица Апостолов, стручен соработник и координатор за новата програма станува збор за невообичаени и забавни 90 минутни часови. Во нив децата ќе учат за македонскиот јазик, математиката, природните науки, општеството, уметноста, музиката и ќе играат игри без граници. Децата ќе учат преку игри, на интересен, креативен и забавен начин заедно со Биби и Боби.

  • На секој час ќе се обработува различна наставна содржина. На секој час децата ќе гледаат видео со Биби и Боби, ќе имаат различни активности преку анимирани визуелни презентации. Ќе бидат вклучени активности со работни листови, игри, вежби, песнички и уште многу интересни нешта кои специјално ги подготвивме за најмалите – Златица Апостолов.

Во текот на денот има 6 термини од 90 минути, а родителите ги одбираат оние кои најмногу им одговараат. Распоредот на термини може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК. Околу деталите поврзани со програмата, како и за резервирање на термин можете дополнително да се информирате на телефонскиот број: 071 262 392, на мејл адресата: edukacija@svetotnabibi.mk како и во самото продажно место во Аеродром, линк до локацијата.



912

X