Здравје

Очајна мајка ги предупредува родителите: Нов опасен предизвик на интернет прави тешки изгореници

На интернет се прошири уште еден нов опасен предизвик по кој децата полудеа, а станува збор за т.н. дезодоранс-предизвик.

Поентата е во тоа што личноста од многу блиску го насочува дезодорансот на својата кожа и прска сѐ додека може да издржи.
Ако некогаш сте ставиле дезодоранс од многу блиску, тогаш знаете дека и неколку секунди се доволни за на кожата да се појават изгореници и болка.
Џејми Прескот од Бристол, Велика Британија, на „Фејсбук“ сподели фотографија на која се гледа како нејзината 10-годишна ќерка Ели се здобила со тешки изгореници откако другарчињата ја прскале со дезодоранс на подлактницата, а поради тоа, можеби ќе мора да оди на пресадување на кожата.

„Кога ѝ рекле да ја испружи раката, таа ги послуша, но не знаела што ќе ѝ се случи и никогаш претходно не слушнала за тој предизвик“, вели нејзината мајка.
Додава дека други деца често ја прашуваат Ели што ѝ се случило со раката, а откако таа ќе им објасни, тие ги покажуваат своите белези што ги добиле на ист начин.
Со оваа објава Џејми сака да ги предупреди родителите на опасноста од ваквата забава.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top