Воспитување

„Облеката на детето не е испеглана – и тоа било мајка?!“

Драги испеглани, чија облека зрачи со свежина на чист пролетен планински поток,

ве известувам дека поради вашите забелешки и озборувања го зедов предвид прашањето за редовно пеглање на алиштата на моите домашни.

Кога од моите достапни 24 часа на ден го одзедов:

-времето потребно за спиење – што е 7-8 часа бидејќи со помалку станувам многу злобна и опасна личност;

-времето поминато на работа со кое се плаќаат нашиот стан, храна, струја, образование за децата, лекови и облека;

-времето да се одржувате себеси и вашето семејство во живот – храна, основна хигиена и грижата за здравјето и физичка подготвеност;

-времето за играње со децата, нивното образование, приказни пред спиење, бакнежи и скокоткање;

-времето за негување врски кои ме исполнуваат и од кои зависи моето ментално здравје (сопруг, семејство, пријатели…);

-времето да читам, да учам, да се преиспитувам и да се менувам, така што секој ден ќе станам малку подобра, посигурна и позадоволна личност, мајка, сопруга, професионалец, пријателка и уште помалку да се грижам за тоа што мислат некои луѓе, на пример, за непегланата облека на моите деца;

-времето за опуштање и одмор на мозокот, филм, музика, прошетка;

…Месечно ми остануваат точно 16 минути и 23 секунди за пеглање, што значи дека ако не е нечија матурска вечер, јавен настап, прв состанок, свадба, крштевка или не дај боже погреб – обично не ја допирам пеглата.

Доколку имате забелешки на оваа одлука, со жалење ве известувам дека шалтерот за жалби во моментов е затворен, но дефинитивно можете да го ставите вашиот приговор писмено во нашата кутија за жалби – се наоѓа зад вратата во кујната и изгледа како кафеава корпа со капак што се крева, кога ќе стапнете на педалот. Одговорот сигурно ќе дојде!

П.С. Сакам да додадам и дека воопшто не го оспорувам или осудувам изборот на оние што го имаат пеглањето на приоритетната листа и кои наоѓаат време за тоа. Убаво е да се пегла, нема да негирам. Но, мене едноставно не ми вреди доволно за да жртвувам некои други работи. Ако е тоа добро за вас – повелете! Единствено важно е дека сите треба да сме задоволни – затоа што задоволните луѓе немаат време или причина да гледаат дали некој друг е испеглан или истуткан.

Автор: Јована Папан

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top