Игротека

Објавуваат фотографии од момчиња што играат балет и праќаат силна порака

Откако американската водителка Лара Спенсер го посрами принцот Џорџ поради неговата љубов кон балетот, реакциите на интернет се зголемија. Луѓето ги разбесни стереотипот дека момчињата не би требало да покажуваат интерес за балетот и танцот, па остро ја осудиле нејзината изјава и започнаа нов тренд.

Користејќи ги ознаките „#BoysDanceToo“ (И момчињата танцуваат) и „#BalletIsForEveryone“ (Балетот е за сите), со денови ја коментираат спорната ситуација и објавуваат фотографии од момчиња во балетски чевли.

 

Овој тренд стана движење со кое им се дава поддршка на синовите, браќата и машките пријатели што се занимаваат со танц.

Лара Спенсер во емисијата „Добро утро, Америка“ известувала за новиот училиштен распоред на принцот Џорџ, па истакнала дека момчињата всушност не уживаат во работи како балетот.
„Изгледа многу среќно поради часови по балет. Принцот Вилијам вели дека Џорџ обожава балет. Имам вести за вас, принцу: Ќе видиме колку ќе потрае тоа“, рекла таа во емисијата, на што другите во студиото се насмеале.

Иако подоцна се извинила, не успеала да ги намали критиките на нејзина сметка што се шират на интернет.

 

 

 

Поврзани написи

To top