Францускиот луксузен бренд „Луј Витон“ неодамна му додели стажирање од соништата на еден тинејџер откако неговите скици станаа вирални на социјалните мрежи.
13-годишното момче Милан нацртало скици од чевли, чевли на високи потпетици и облека инспирирани од брендот.
Неговата мајка Луиза Одеса од Париз ги споделила цртежите на Милан, со надеж дека момчето ќе добие шанса да работи во компанијата. Неговите цртежи содржат стилски парчиња со монограмот на брендот.
Во декември „Луј Витон“ испрати покана до тинејџерот за еднонеделно стажирање за набљудување на работата во компанијата, веднаш штом забележале дека има потенцијал.
🛑🚨⏳️[HELP] Je dois trouver impérativement un stage de 3e pour mon fils Milan de 13ans…et pas n’importe quelle Maison…
— Odessa (@LouiseOdessa) November 7, 2023
Bonjour @LouisVuitton
Mon fils est juste un petit peu, beaucoup, passionné par votre marque et le cuir.
Il est aussi très doué sur Photoshop sur… pic.twitter.com/BWzdHu97u7
912