Образование

Објавено упатство за наставниците – како да оценуваат додека трае далечинското учење

Учениците во средните и во основните училишта во земјава ќе бидат оценувани иако во тек е онлајн-настава поради вонредната состојба со коронавирусот.

Одговорните во Бирото за развој на образованието веќе го објавиja Упатството за оценување на учениците во средните и основните училишта наменето за наставниците. Учениците ќе бидат оценети бројчено или описно, а наставниците интерно ќе ги проверуваат знаењата на учениците.

Она што е нејасно е како ќе го прават тоа со оглед на фактот дека децата следат онлајн-настава.

„Ова треба да се почитува и во изменети услови на реализација на наставата (преку далечинско учење, односно учење од дома). Планирањето, организирањето и реализацијата на наставата од страна на наставниците кога наставата се спроведува преку далечинско учење треба да се приспособат и спроведат на начин што ќе овозможи постигнување на очекуваните резултати. Треба да се модифицира начинот на реализација на наставата со користење методи и техники соодветни за настава од дома, а во согласност со електронската платформа што се користи“, стои во документот.

Таму е наведено дека наставниците од основните и од средните училишта треба да ја приспособат секојдневната практика, односно да вложат дополнителна работа, да соработуваат со колеги и родители. Тие треба да снимаат и видеа, анимации, да креираат презентација, да постават текст и онлајн да комуницираат со учениците. На наставниците им се налага да ги оценат учениците и формативно и сумативно, впрочем исто како да има редовна настава. Се препорачува тестовите да немаат повеќе од 10 прашања и само суштински задачи.
Тие ќе треба да водат електронско портфолио за секој ученик, да ги испрашуваат учениците итн. Крајната оценка ќе се формира и според постигнувањата на учениците во овој период.

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top