Деновиве излезе од печат книгата за деца „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели, а во издание на „Бата прес“. Илустрациите се на Никол Доналдсон, а делото од италијански на македонски го преведе Живко Гроздановски. Со извесна доза на хумор, што наликува на британскиот, авторот ги сместува случувањата во Лондон, кој во книжевноста и во филмовите е познат по акциите на детективите.
„Истрагите на детективите се толку банални, како да се невидливи. Но, Виксон Чудински е секојдневен детектив, толку секојдневен што никој не го гледа. Ова можеби изгледа како маана, но тоа е неговата најсилна страна: без да го видат, тој може да реши многу случаи, особено оние каде што е инволвиран злобниот Милтон Бобит, човекот со глава во форма на круша…“

Писателот Лука Дониели е роден во 1956 година. Живее и работи во Милано. Добитник е на повеќе врвни книжевни награди во Италија, а за „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ ја добил наградата „Стрега“ во 2019 година. Делото е објавено со поддршка на Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија.