Образование

Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2025/2026

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.
Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август 2025.

Конкурсот може да го видите на следниот ЛИНК

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top