Воспитување

Новите родители бараат совети на „Гугл“ по 6 пати дневно

Истражување спроведено од „OnePoll“ покажало дека новите родители се обратиле на „Гугл“ околу 2.000 пати само во првата година.

Да се ​​стане мајка или татко првпат може да биде доста застрашувачко. Сосема е нормално да бидете нервозни и оптоварени, особено ако се земе предвид големата неизвесност во светот.

Новите родители се заинтересирани за голем број брзи прашања, а за среќа, во денешно време е многу лесно да се добијат совети и информации. Ако се вратиме само три децении наназад, ќе забележиме дека родителството во таа смисла било многу понапорно. Денешните родители можат да ги добијат сите информации за неколку секунди и кликови.

Ако чувствувате дека „Гугл“ е третиот родител во вашето семејство, не сте сами – истражувањето на 2.000 родители со деца помлади од две години покажало дека новите родители го прашуваат „Гугл“ за информации поврзани со бебињата во просек по шест пати на ден. Со едноставна пресметка доаѓаме до околу 2.000 прашања во првата година од животот на детето.

Прашањата што родителите најчесто му ги поставуваат на „Гугл“ се кои производи за бебиња ги препорачуваат експертите и како да се грижат за кожни состојби како што е исипот од пелените (43 проценти). Родителите бараат и информации за храна за бебиња (40 проценти), причини за плачење на бебињата (38 проценти) и зошто нивното бебе не спие (37 проценти), пишува Ромпер.

Новите родители се обраќаат до „Гугл“ илјадници пати во првата година од родителството. 38 отсто од анкетираните родители признале дека биле изненадени кога сфатиле колку малку всушност знаат за грижата за бебиња во првата година. Несигурноста и стравот од грешка во текот на првата година од животот на детето се навистина високи, а 71 процент од родителите што учествувале во истражувањето признале дека на тој пат многу се потпирале на експерти за родителство. Покрај користењето на „Гугл“, во текот на првата година родителите ги повикале сопствените родители околу 56 пати, а медицинските работници 67 пати. Тие, исто така, поминале во просек 1.600 часа држејќи го своето бебе и мачејќи се околу 77 непроспиени ноќи, па не е ни чудно што морале да побараат помош.

Иако првата година од родителството може да биде тешка, две третини од испитаниците веруваат дека родителството е нивното најголемо достигнување во животот. Родителите особено уживале во некои смирувачки ритуали со своите бебиња, како што се нанесување крем (42 проценти), држење в прегратка (39 проценти) и фотографирање заедно со бебето (38 проценти).

Автор: Џен МекГваер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top