Министерството за образование и наука подготви нови наставни програми по предметот музичко образование за шесто, седмо, осмо и за деветто одделение. Оваа новина денеска на прес-конференција ја најави министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Тој изјави дека програмите придонесуваат за унапредување на концептот на мултикултурализам, запознавање и почитување на различностите.
– Секој ученик ќе ги изучува културата и традицијата во областа на музиката на својата заедница, но ќе има можност да ги изучува и музичката култура и традиција на сограѓаните од другите етнички заедници, преку слушање и обработка на песни и композиции, како и запознавање со инструментите и другите обележја на тие заедници – изјави Адеми.
912