Во книжарниците на „Просветно дело“ можете да ги најдете најновите 4 наслови од серијалот „Агата Мистери“. Овие бестселери за деца досега се продадени во над 1 милион примероци во светот.
Агата Мисти е 12-годишно девојче кое има неверојатна меморија, а кога ќе порасне, сака да стане познат писател на криминалистички романи. Заедно со нејзиниот братучед Лери, ученик во престижното училиште за детективи, патува низ светот за да ги реши мистериозните, нерешливи случаи: Загатката на фараонот, Исчезнувањето на Бегалскиот бисер, Мечот на шкотскиот крал, Кражба на Нијагарските Водоподи, Убиство на Ајфеловата кула, Богатството на Бермудите…
Овој серијал на книги е вистински избор за сите што сакаат класични мистерии во стилот на Агата Кристи. Секоја авантура се случува на нова дестинација во светот, а стилот на кој се пишувани и фантастичните илустрации содржат многу хумор и се приспособени за деца над осум години. Илустрациите се на Стефано Туркони.