Здравје

Нови 36 заразени и 18 излекувани од коронавирус

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти.

По градови, новозаразените се од:
– Скопје-22
– Куманово-4
– Прилеп-3
– Струга-3
– Велес-3
– Битола-1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.117, од кои активни се 929.

Вкупниот број на излекувани, пак, е 139.

-Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот – истакнуваат од Министерството.

Додаваат и дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ бил регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил позитивен на вирусот. Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top