Ако сте дел од какви било групи на родители на социјалните мрежи, веројатно веќе сте слушнале за новата мини-серија „Сè е по нејзина вина“.
Серијата не е само застрашувачки реална, туку е и невозможно да се исклучи. Иако се базира на киднапирање, темите за родителство се универзални.
„Сè е нејзина вина“, базирана на истиомениот психолошки трилер-роман на Андреа Мара од 2021 година, го прави јасен концептот на „главниот родител“, што точно значи тоа – личноста што ја врши целата грижа за децата, освен ако не е побарано од другиот родител.
Ликовите на Дакота Фенинг, Џени, и на Сара Снук, Мариса, се менуваат помеѓу прифаќање и одбивање на својата улога како стандардни родители. Или, пак, се приближуваат кон работ на криза.
Длабоко во „главното родителство“
Сценаристката Меган Галегер вели дека не морала да прави истражување за да ја разбере улогата на главниот родител. 47-годишната мајка има 14-годишни близнаци.
– Во секој брак главниот родител е мајката. Секоја жена што ја знам, од околу 35 до 50 години, барем еднаш имала нервен слом на паркингот пред училиште, помеѓу оставање на децата и брзање на работа, или брзање од работа за да ги земе децата. Таа хистерија и преоптовареност е толку присутна во животот на жените. Не знам друг начин на кој жената би била родител и би работела – вели таа.
Но, концептот на главниот родител е покомплексен од едноставно мајката да биде присилена во таа улога. Дури и мајките што имаат можност да се повлечат не можат лесно да го сторат тоа.
Џени и Мариса, двата главни лика, се богати бели жени. Галегер не се обидува да го сокрие тоа дека имаат привилегии. Сепак, серијата прекрасно ги доловува универзалните чувства на вина што ја носи секоја мајка и зошто мајката може да се чувствува лошо ако не ја преземе улогата на главниот родител.
– Иако присуството на дадилка без сомнение го олеснува животот, тоа не ја намалува вината. Не можете да купите нешто за да ја отстраните вината. Не можете да купите начин да бидете на две места истовремено. Тоа се обидов да го истакнам – вели Галегер.
И успева на начин кој им се обраќа на многу гледачи. Серијата достигна 46 милиони часа гледаност во првите три недели од објавувањето.
Во ред е да бидете мајка која сака и кариера
Галегер прикажува сложени мајки кои сакаат да успеат во сè, иако тоа има лична цена.
– Навистина сакав Џени да има кариера која ѝ е навистина важна. Ова не беше само плата. Ова ѝ беше навистина важно. И преку нејзиниот лик сакав да покажам дека е во ред да се каже дека мајчинството е неверојатен, прекрасен дар, но можеби ни е потребно исполнување и на друго место – додава Галегер.
Таа објаснува дека тоа не е прашање кај татковците.
Влијанието на лошиот партнер
Секако, не можеме да зборуваме за мајчинските предизвици без да ги споменеме и нивните партнери. Иако делови од серијата се универзални, животите на жените се комплицирани поради особено лошите сопрузи. Сепак, „Сè е нејзина вина“ успева да ја долови нијансата на лошата врска.