Сите ученици беа принудени да ја инсталираат апликацијата е-библиотека на своите уреди (мобилни телефони, уреди, компјутери). Дали имаат или немаат, дали знаат да ги користат, особено најмалите, никој не праша. Ние, наставничките, им ги инсталиравме бидејќи голем дел од родителите не се доволно едуцирани да користат компјутер, споделува одделенска наставничка

Новата концепција во основното образование сѐ уште не се покажа применлива во практика. Наставниците што работат по новата програма велат дека се соочуваат со низа проблеми, пропусти и дека во новата концепција има многу небулози, нелогичности. Дека едно им било посочувано на обуките, но сосема друго е во практика. Многу од најавените активности се нефункционални, за многу немаат соодветни материјали и алатки и велат дека даваат сѐ од себе за да ја одржат наставата како што треба.

Сите сме експериментални глувчиња

– За мене како одделенски наставник кој работи уште од почетокот на нејзиното воведување, новата концепција е неприфатлива, конфузна, недефинирана, со континуирани промени кои не се дефинирани уште од старт од страна на главните субјекти кои одлучија да ја имплементираат. Најважно е што таа се воведе без претходна подготовка, избрзано, без да се подготви теренот, без консултација со сите релевантни фактори вклучувајќи ги и наставниците кои се практичари и кои треба да ја реализираат. Воспитно-образовниот процес е жива материја која мора да трпи промени и да ги следи новите техничко-технолошки достигнувања и развојот на образовниот систем по примерот на многу европски земји, но дали ние бевме подготвени? Се разбира дека не. Со други зборови, почна да се применува, а отпосле се размислуваше за проблемите кои се решаваа тековно, без да се размислува како тоа ќе се рефлектира врз сите учесници во наставниот процес. Едноставно сите сме експериментални глувчиња и чекаме да поминат години за да се види какви резултати ќе покаже новата концепција, а во меѓувреме учениците ќе ги сносат последиците од направената штета за која никој нема да одговара – споделува одделенска наставничка од една скопска општина.

Како што вели таа, со обука од два дена наставниците требаше да стекнат вештини и да бидат обучени за новите предизвици.

Целиот текст можете да го прочитате на Факултети.мк



912

X