Воспитување

Љубезноста има моќ да го подобри менталното здравје на младите

Поради сето она што се случува во светот, конечно ги отвораме очите кон идејата дека кога се работи за менталното здравје, луѓето на сите возрасти се ризични. Долго време ги игнориравме проблемите со менталното здравје кои ги зафаќаат и децата, тинејџерите и младите лица (бидејќи спротивно на популарното верување, не треба да имате одговорности на возрасен човек за да го разберете стресот). Сега, резултатите од анкетите од фондацијата „Родени вака“ (основана од Лејди Гага и нејзината мајка), откриваат круцијален начин на кој можеме да го сториме тоа.

Анкетата, која била спроведена на почетокот од 2021 година, зела предвид одговори од над 2 илјади луѓе на возраст помеѓу 13 и 24 години, од САД. Одговорите откриваат нешто интересно, иако не и изненадувачко. Дека љубезноста има моќ да ја подобри менталната благосостојба на младите лица и дека факторите како раса, сексуална ориентација и родова припадност може длабоко да влијаат врз тоа колку љубезност добива младо лице. Речиси 3 четвртини од оние што одговарале рекле дека добивањето љубезност го подобрува нивното ментално здравје, без разлика дали е од другите околу нив или од самите нив. Но, да се биде на страната која добива не е единствената работа што е важна: Речиси ист е процентот на оние што одговориле дека нивното ментално здравје се подобрува ако се сведоци на некој акт на љубезност во светот околу нив. Сега, љубезноста има многу форми, но според одговорите, да се има некој што ќе слуша кога имате проблем, кој верува во вас или ве проверува за да се осигури дека сте во ред, помага да се подобрат менталното здравје и благосостојбата.

Суровата реалност е следната, според резултатите од анкетата: младите припадници на белата раса изгледа дека повеќе искусуваат љубезност во споредба со нивните врсници што не се бели. „Белите млади лица многу почесто има некој што верува во нив и ги охрабрува да даваат сè од себе, им покажува дека им значат или ги слушаат кога имаат проблем“, стои во извештајот од анкетата.

Еве што открива студијата за тоа како се чувствуваат младите луѓе сега: Само околу 19 проценти одговориле дека се справуваат „прилично добро“, додека 56 проценти рекле дека им е „помалку добро“. Не е изненадување дека лицата што имаат чувство дека се справуваат добро со менталното здравје се оние што искусуваат дела на љубезност на регуларна основа. Овие откритија се уште една причина за на младите луѓе да им се обрне повеќе внимание, да се почитуваат нивните идентитети и да им се помогне со проблемите. А и се потсетник за човештвото да биде подобро, луѓето да ги почитуваат разликите.

Автор: Зара Ханавалт

Извор

Поврзани написи

To top