Сликовницата „Лавот што не сакаше да биде крал“ – деновиве излезе од печат. Таа е дваесеттата од серијата сликовници што произлегуваат од „Сказните на Биби“.

Наменета е за дечиња од различна возраст, а има цел да ги претстави нашите јунаци во различни ситуации и да покаже како тие се справуваат со секој предизвик.

На овој начин ги охрабруваме најмладите да размислуваат и сами да доаѓаат до решенија и заклучоци.
Оваа сликовница (и епизода) има цел да претстави како се рушат стереотипите, односно зошто лавот Лео мора да биде крал кога тој сака да биде поет. Пишувањето и читањето стихови за него е најголемата среќа, а не кралствувањето.

Автор на новата сликовница е Билјана С. Црвенковска, илустрациите се на Магдалена Тофиловска, а автор на насловната страница е Тхе Мичо.



912

X