Игротека

Нова продавница на „Светот на Биби“ во ТЦ „Беверли Хилс“

Производите на „Светот на Биби“ од 22 јануари се достапни и во новата продавница во ТЦ „Беверли Хилс“, на првиот кат. Ова е четврта продавница на „Светот на Биби“ во Скопје, по тие во Лептокарија, ГТЦ и во населбата Аеродром.

Инаку Биби, Боби, Зина, Зази, Дино, Филимена и пријателите освен во Скопје, можете да ги сретнете и во продавниците во Кавадарци, Штип, Струмица, Куманово и во Битола.

– Другарчиња, колку убав ден. Денес ја отворивме нашата нова продавница, на четврта локација во Скопје. Ви благодариме од срце за вашата доверба и поддршка. Ве имаше во толку голем број, ние сме пресреќни. Ве сакаме сите – стоеше во благодарницата на „Светот на Биби“ на „Фејсбук“.

Во новата продавница можат да се најдат производите на „Светот на Биби“ – печатени изданија, училиштен прибор, играчки, друштвени игри, роденденски производи, облека и додатоци. Инаку, во „Светот на Биби“ работат околу 90 луѓе креирајќи ги сказните, сликовниците и сѐ друго. Секако, производите се достапни и низ цела Македонија преку онлајн-продавницата svetotnabibi.mк.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top