Воспитување

Нов опасен „Тик-ток“ предизвик во САД – уапсени десетици тинејџери

Додека разговарала со своите врсници пред училиштето, Андреа Алонсо, ученичка од деветто одделение од Северна Каролина, САД, одеднаш почувствувала силна болка во окото. „Разговараше со другарите на вратата од училиштето и почувствува дека нешто ја погоди“, изјавила нејзината мајка Ана Роса Алонсо за „Дејли бист“.

Откако Андреа во паника ѝ се јавила, Ана се упатила во училиштето „Олимпик“ и ја затекнала медицинската сестра како ја подготвува нејзината ќерка за во болница. „Беше страшно. Се тресев затоа што не знаев што ѝ се случило. Таа ми рече дека има нешто во окото, па бев загрижена дека може да го изгуби“, раскажува мајката.

Тоа нешто беше топче „орбез“.

„Мека и мазна, и на децата и на возрасните ќе им даде сетилно искуство. Нема ограничувања за играње. Месете ги, стискајте или оставете ги да ви поминуваат низ дланките. Користете ја вашата имагинација и уживајте бескрајно со орбез“, објаснува компанија на својата веб-страница.

Станува збор за полимерни топчиња кои станаа хит меѓу децата и тинејџерите, но предизвикаа и сериозни повреди. Таканаречениот предизвик „орбез“ вклучува полнење на пластичен пиштол со овие куршуми и пукање кон непознати. Во некои ситуации, децата и младите имаат замрзнати топки, што ги прави потешки и може да доведе до сериозни повреди и голема материјална штета. Во САД ситуацијата со предизвикот ескалира. Во сојузната држава Мичиген полицијата уапсила тинејџер откако тој наводно пукал шарени куршуми од пиштол кон случајни минувачи. Тежината на повредите не е позната, но полицијата предупреди дека куршумите може да предизвикаат тешки повреди.

Во Њујорк, полицијата уапсила тројца тинејџери откако со орбез гаѓале автомобили и пешаци. И четворица тинејџери од Пенсилванија минатата недела завршиле зад решетки. Тие се обвинети дека нападнале ученици и професори пред средното училиште „Раднор Тауншип“. Се товарат за поседување оружје, нарушување на јавниот ред и мир, малтретирање и загрозување луѓе и имот. Во некои држави, употребата на играчки во форма на пиштоли и пушки, дури и оние на вода во јавните паркови, е забранета.

„Родители – ова е надвор од контрола. Сè уште гледаме тинејџери како пукаат шарени топки кон други луѓе, кон невини минувачи. Сега тие ги модифицираат за да ги направат уште поболни”, предупредила полицијата на Пичтри Сити. Споделиле и фотографии од момче кое било застрелано и повредено додека возело велосипед. „Полицијата ќе поднесе кривична пријава против сите што ќе ги фати со ова оружје. Во некои случаи родителите може да одговараат и за постапките на нивните деца“, забележале тие.

Тоа е нешто што Ана Роза Алонсо би сакала да го види, според нејзината изјава. „Училиштето знае кој беше. Не знам дали родителите на тоа дете ќе бидат подготвени да ги платат сметките за лекувањето на моето дете. Таа не заслужи ваква повреда и децата треба да бидат свесни што прават, а родителите мора да бидат одговорни за постапките на своите деца“, истакнала таа.

За среќа, лекарите успеале да ѝ го спасат окото на Андреа. Видот и понатаму ѝ е заматен и ѝ пречи светлината, но нема да ѝ треба операција и ќе закрепне.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top