Градинката е свет полн со насмевки во кој имагинацијата нема граници. За децата, секој ден поминат во градинка е нова шанса за успешна иднина. Затоа, предучилишното образование е многу повеќе од учење на основните норми и правила. А кога децата секое утро со возбуда се подготвуваат за градинка, тогаш секој родител знае дека го направил вистинскиот избор за неговото дете.
Децата што се дел од приватната градинка „Литл Ми“ секојдневно ја откриваат радоста преку заедничко учење и истражување и за нив секој нов ден поминат во градинка е нова авантура исполнета со различни активности, нови игри и предизвици, безгрижна дружба со другарчињата и интересни „дебати“ со воспитувачите.
Времето поминато надвор од градинка е многу значајно за континуираниот развоен успех кај децата, освен професионалноста на воспитувачите, во процесот на воспитување голема улога имаат и родителите. За децата вистински да уживаат во активностите во градинка и постојано да имаат желба за нови знаења, потребна им е голема поддршка од семејството.
Воспитувачите и негувателите од приватната градинка „Литл Ми“, поведени од желбата децата што покреативно да го минуваат времето како во градинка така и дома, за време на викендите, се посветија на избор и креирање серијал на активности насловен „Направи сам“ за кој децата во петок добиваат насоки преку кратки видеа, за време на викендот ги реализираат заедно со родителите, а понеделниците се резервирани за споделување импресии од активноста.
Секоја активност е едукативна и различна од претходната за да го задржи вниманието на детето. Најчесто целта на задачата е да ги поттикне децата да размислат како сето тоа да го направат, да најдат креативно решение и да развиваат моторичка способност, притоа мотивирајќи и постигнувајќи позитивен напредок кај секое дете од повеќе аспекти од развојот на нивната личност.
Додека ги исполнуваат активностите, родителите прават кратки видеа за подоцна децата да можат да го видат процесот од друга перспектива и да бидат горди на својата работа.
Благодарение на овој серијал, секое дете може да поминува квалитетно време, а викендот да биде исполнет со голема доза креативност, љубопитност и, секако, дружба со семејството.
За да ги погледнете последните викенд-предизвици, но и за да пронајдете инспирација за да поминете квалитетно време со вашите деца, отворете го следниот линк. – https://www.facebook.com/reel/1792013517931196.
(Комерцијална објава)
912