Во Центарот за функционална процена и поддршка на деца и млади почна да се применува нов модел на процена на децата со попреченост – МКФ, кој овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината што му создаваат бариери да го постигне својот целосен потенцијал.

– Овој Центар првпат во државава е воспоставен во старите простории на Домот „11 Октомври“. Првпат почнува функционална процена на децата со атипичен развој или со одредени попречености, во насока на тоа што може да направат и како општеството треба да ги поддржи и што секоја институција треба да направи за тие да го постигнат максимумот од своите можности. Со тоа даваме можност за вистинска инклузија или вклучување на овие деца и лица во нашето општество – изјави при денешната посета на Центарот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Фото: Влада

Министерството за образование и наука, како што посочи Царовска, направи многу за ревизија на оние деца што беа во специјални училишта, сега веќе да одат во редовни преку овој тип процена.
Според министерот за образование и наука Арбер Адеми, инклузијата на децата со посебни образовни потреби е приоритет на Владата и на сите институции.



912

X