На македонскиот пазар пристигна првата серија производи од новата детска линија „Yaay! Fun and tasty“ – приватна трговска марка (ПЛ) на мултимедијалниот бренд „Светот на Биби“. Оваа линија е спој на вкусна храна и омилените ликови од „Светот на Биби“ и претставува исклучително искуство за најмладите потрошувачи.
Во продажба веќе се достапни:
– Зазулчиња – чоколадирани бонбони во весели бои
– Какао-топчиња – житни топчиња со какао
– Овошни топчиња – шарени житарици со овошен вкус
Во следните недели ќе пристигнат и:
– Флипс со Биби и Боби
– Солени стапчиња со жирафата Жижи
– Дуо-крем со Биби и Боби
Производството на „Yaay! Fun and tasty“ е доверено на Swisslion Agroplod (Ресен и Скопје), а дистрибуцијата ја реализира „Орбико“, водечки регионален дистрибутер.
Покрај оваа палета, „Светот на Биби“ започна и стратегиска соработка со компанијата Coach Foods, со која на пазарот се лансирани две нови детски каши Bibi Yummm, достапни во два вкуса:
– Bibi Yummm какао
– Bibi Yummm малина
Првично, производите ќе бидат достапни во Македонија, а наскоро и во сите земји каде што е присутен брендот „Светот на Биби“, вклучувајќи ги Италија, Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Косово.
Линијата „Yaay! Fun and tasty“ е дизајнирана да ги спои вкусот, креативноста и детската имагинација, нудејќи нов начин на поврзување со едукативниот и забавен свет на Биби и Боби.
(Комерцијална објава)