Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на својот фејсбук-профил ги повика наставниците во основните и во средните училишта да го продолжат образовниот процес бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата.
Децата треба да ни се на прво место затоа што правото на образование на секое дете е уставно загарантирано право. Губењето настава не оди во прилог никому, најмалку на учениците, напиша меѓу другото Шаќири. Шаќири потенцира дека учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Редовната настава е потребна најмногу како поддршка за учениците во еден многу важен дел од нивниот живот.
– Потребни сте им сега, во овој период, кога се подготвуваат за продолжување на образованието во средните училишта, за полагање стручни испити и за државна матура, од што зависи нивната понатамошната образовна иднина и запишување на факултетите во земјава и во странство. Со нарушен образовен процес, сето ова не може да се реализира во предвидените рокови и е на штета на сегашните деветтоодделенци и матуранти, но и на сите други ученици – објави Шаќири.
912