Воспитување

Ниту имањето ниту немањето деца е себично

Вилиците ми се стегнаа додека го читав текстот насловен „Жените кои избрале да немаат деца се голем дел од влошувањето на општеството“. На почетокот почувствував лутина, а потоа гневот се претвори во чувство на сожалување кон авторот на оваа навредлива статија.

Празни и недоволно развиени тврдења против оние што немаат деца. Ги почитував родителите како херои додека истовремено им се восхитував на луѓето, односно жените што избираат да се откажат од репродукција. Целиот живот знаев дека не сакам да бидам мајка. Оваа навредлива статија е проблематична поради многу причини.

Ова непријателство кон жените без деца е вообичаено.

Но, ваквите статии го прошируваат јазот меѓу родителите и оние што не се родители без оглед дали тоа е поради избор или поради некакви околности. Науката веќе докажа дека родителите се фаворизираат.

Откако завршив со сожалувањето, почувствував нагон да одговорам на статијата.

Зошто луѓето избираат да немаат деца?

Авторот на оваа статија смета дека причините за тоа што жените не сакаат деца не се доволно соодветни.

Дали знаете која е најдобрата причина за да немате деца? Тоа што не сакате да ги имате, на прво место.

Ние не прашуваме некого зошто има деца и не му судиме откако ќе даде доволно доблесни причини. Сепак, нам постојано ни се суди.

Едно неодамнешно истражување на „Пју“ покажа дека 44 отсто од Американците на возраст помеѓу 18 и 49 години веројатно нема да имаат деца. Поголемиот дел не сакаат. Други наведени причини се:

Медицински причини;
Финансиски причини;
Фактот што нема партнер/ка;
Возраста;
Состојбата на светот;
Климатските промени/средината;
Партнерот/ката не сака деца.

Според авторката на статијата, заштитата на нашата среќа не е причина да се откажеме од раѓање. Сепак, многу луѓе имаат деца во обид да го зголемат нивото на нивната среќа. Но, важно е да се знае дека патот до среќата изгледа различно за сите нас.

„Луѓето без деца се себични како родители“

Ова ме натера да се насмеам. Нарекувањето на луѓето „себични“ поради изборот да немаат деца е најприсутно. Ако е себично да се води живот по сопствен избор, тогаш и оние луѓе без деца, но и родителите се себични.

Време е да се промени реториката. Не е себично ако човек избере да нема деца. Додека некои луѓе без деца едноставно не сакаат деца, многумина ги ставиле потребите на своите неродени деца пред нивните. Сепак, прашајте ги родителите зошто одлучиле да имаат деца, одговорот би бил: „Сакав“. Иронично, нели?

Јас би рекла дека е себично да се манипулира општеството да репродуцира во свет со алармантна стапка на раст на населението. Само во Америка има речиси половина милион деца во центри за згрижување. Не е себично луѓето да продолжат да имаат биолошки деца кога на толку многу деца им е потребен дом?

Мислам дека ниту имањето деца ниту немањето деца не е себично. Време е да престанеме да го користиме зборот себично. Се залагам секој да го прави она што мисли дека е правилно за него во однос на репродукцијата. Во никој случај не ги срамам биолошките родители или предлагам сите да посвојат. Јас само ја осветлувам светлината на лицемерието во очите на авторот.

Автор: Лора Керол
Извор

Поврзани написи

To top