Постојано се зборува и пишува за опасностите што ги демнат децата на интернет, на социјалните мрежи, во групи – и со право. Со причина, некои земји постепено се движат кон ограничување на возраста за пристап до социјалните мрежи. Прераното изложување на овие опасности може да биде многу штетно за децата.
Ќерките на Никол Кидман ја научиле оваа лекција, а таа вели дека сега се обидува да ја научи од нив. Во интервју со Аријана Гранде за списанието „Интервју“, Кидман и Гранде размислувале за дел од притисокот што доаѓа со славата, особено во ерата кога социјалните мрежи се толку истакнати и сеприсутни.
-Многу сум благодарна што можам да го правам она што го сакам. Едноставно не очекував одредени делови од тоа – ѝ рекла Гранде на Кидман, споделувајќи дека морала многу да се приспособува откако нејзиниот живот се променил на „многу драстичен начин“ кога станала поп-сензација.
Кидман сочувствувала со неа.
-Па, многу си млада, а потоа одеднаш те ставаат во овој аквариум и сè е дисецирано. Почнува да станува многу тешко, а потоа премногу размислуваш за тоа, а потоа се плашиш, а потоа се повредуваш и си велиш: „Не сакам да излезам сега. Не сакам да одам во тој свет“. Сфаќам – вели Кидман, која забележала дека сите страдаат еднакво, но дека работите се малку поинакви за помладата генерација.
-Во моментов воспитувам тинејџерки и тоа е фасцинантно. Мислам дека тие имаат оклоп што ние не го добивме. Или што јас сигурно не го добив бидејќи немаше социјални медиуми. Многу, многу млади веќе велеа: „Знаеме точно како да се справиме со ова“ – додала Кидман.
Кидман има четири деца, а најстарите Бела (32) и Конор (30) ги дели со поранешниот сопруг Том Круз, додека помладите ќерки Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14) со поранешниот сопруг Кит Урбан. Кидман објасни дека е фасцинирана од начинот на кој нејзините ќерки гледаат на сè.
-Тие не сфаќаат многу работи лично. Ги игнорираат.
Гранде се согласила со Кидман, велејќи дека понекогаш сака „малку од таа самодоверба“.
-Навистина ни треба таа лекција – се согласила Кидман.
Во претходно интервју Кидман открила дека ја пронаоѓа својата „мајчинска цел“.
-Моите деца ми даваат цел да бидам нивен заштитник и нивен водич, ветувајќи им дека сум тука и дека, без разлика на сè, секогаш ќе имаат безбедно место за растење – истакнала актерката.
Автор: Наташа Крстичевиќ