Сопругот на популарна американска блогерка ја открил вистината што ретко ја признаваат мажите, па одлучил да го сподели тоа со интернет-корисниците и да ги советува другите татковци да се вклучат повеќе во обврските низ домот.
Пол Барбаро го напишал текстот кога неговата сопруга Адел била болна и исцрпена, но и покрај тоа, нивниот дом бил исчистен, вечерата приготвена, а децата средени. Објавата ви ја пренесуваме во целост.
„Отпрво се гордеев со себе. Легнав 2 деца и една возрасна личност во кревет пред 19:30 часот. Додека тивко излегував од собата, почнав да си мислам како ќе ја поминам вечерта… Првата помисла ми беше дека ќе јадам „нутела“ од тегла додека гледам „Враќање во иднината“, но тогаш се свртив наназад, ги погледнав мојата сопруга и моето мало девојче и тогаш ми светна… И двете се многу болни, навистина затнати и апсолутно истоштени по 3 ноќи без или со многу малку сон. Се почувствував како кретен што си мислев како сега ќе си уживам во неколку часа само за мене додека таа ме става мене и нашето семејство пред нејзиното здравје и ниту еднаш се нема пожалено.
Дали ви се верува дека кога се прибрав дома имаше пресно приготвен специјалитет, чиста куќа и на некаков начин облеката беше извадена од машината, здиплена и средена? Како жена ми да има дополнителни 4 часа на ден кои ние, обичните смртници, ги немаме.
Како маж, мислам дека вистински не знам, ниту пак некогаш ќе знам, како изгледа истоштеноста на истиот начин како што знае една мајка. Вечерва, додека ја смирував нашата ќерка и се обидував да ја заспијам, Адел рече дека малку ќе подлегне пред да ја исчисти кујната и да ми приготви ручек за утре. Нејзината последна мисла пред да заспие беше: „Морам да ја исчистам кујната и да му направам на сопругот ручек за утре“, а мојата последна мисла беше: „Јеее, грицки и ТВ.“
Па, наместо да го направам тоа, го напишав ова за да ви кажам дека зад сите тие блогерски постови, шеги, препораки, рецензии и подароци, постои вистинска личност и таа е неверојатна жена која ја обожавам. А сега, одам да ја исчистам кујната и потоа ќе погледнам низ нашиот дом да видам што можам да направам за да ѝ го олеснам утрешниот ден.
Сопрузи што го читате ова, ве поттикнувам да го направите истото… Се обложувам дека вистинската мајка во вашето домаќинство е исто толку истоштена.
912