Игротека

Никогаш не правете ги овие пет грешки со свекрвата

Односот меѓу снаите и свекрвите отсекогаш привлекувал внимание, дури и се верувало дека не можат да живеат под ист покрив. Без оглед дали се согласувате со неа или не ја поднесувате, мора да имате предвид дека таа жена го воспитала вашиот сопруг.
Таа личност ќе биде и дел од вашите семејни собири и тоа е доволна причина да имате добар однос со неа.
Постојат пет грешки што мора да ги избегнувате ако сакате да изградите добар и позитивен однос со вашата свекрва.

1. Не третирајте ја како пречка

Доколку сакате и свекрвата да стане дел од вашето семејство, однесувајте се кон неа како и кон секоја друга личност со која сакате да изградите добар однос. Како што не би му викале на некој нов пријател или соработник, така тоа не треба да го правите и кон членовите на вашето семејство, додека не воспоставите однос исполнет со меѓусебно почитување.

2. Не заборавајте, таа е мајка на вашиот сопруг

Најлесен начин вашата свекрва да не се чувствува како да е дел од семејството на својот син е да ја исфрлите секоја нејзина трага од вашиот дом. Кога ќе посакате да направите такво нешто, уште еднаш потсетете се дека таа е мајка на вашиот сопруг.

3. Престанете со претпоставките дека и двете сакате исти работи кога станува збор за вашиот меѓусебен однос

Ако вие од самиот почеток сакате да бидете најдобра пријателка со вашата свекрва, не значи дека и таа е подготвена за таква блискост. Наместо тоа, дозволете вашиот однос да се развива преку постепено запознавање, споделување заеднички интереси и меѓусебно помагање, токму како што сте ги развивале односите и со вашите пријатели.

4. Дозволете ѝ на вашата свекрва да има свои моменти

Можеби нејзиното пире од компири не е толку вкусно како вашето, но понекогаш дозволете ѝ да има сосема поинаков впечаток. Со неколку пофалби упатени кон нејзините кулинарски вештини или изборот на фустан, на многу едноставен начин ќе направите таа да се чувствува убаво и кога станува збор за неа и кога станува збор за вашиот однос.
Имено, ако свекрвата почувствува дека меѓу вас постои некаков вид натпревар, во најлош случај ќе се однесува кон вас како кон „пониско битие“, а во најдобар – ќе биде многу натпреварувачки настроена.

5. Никогаш не помислувајте дека нејзиниот начин е погрешен

Не се вели без причина дека секогаш постојат две страни на приказната. Омаловажувањето на мислењето на вашата свекрва само затоа што се разликува од вашето е погрешен пристап.
Наместо тоа, дајте ѝ можност и обидете се да откриете зошто таа има поинаков поглед на ситуацијата од вашиот. Битно е да знаете дека можете да ја прашате за мислење, но не морате секогаш и да го прифатите нејзиниот совет.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top