Образование

Невремето поплави училиште во Ѓорче Петров – нема покрив, нема струја, нема настава

Во училиштето „Тихомир Милошевски“ во Општина Ѓорче Петров е прекинат наставниот процес во траење од два дена поради невремето што го погоди објектот. Учениците се дома, а на часови ќе почнат да одат в понеделник.

Училишното раководство треба да најде начин како и кога ќе се надомести пропуштената настава, со оглед на тоа дека според Законот за основно образование, во текот на една учебна година мора да се реализираат 180 работни дена.

– Во училиштето е оштетена поголема покривна површина, па училиштето е поплавено, а тоа предизвикало и прекин на електричната енергија. Се преземаат мерки за санирање на штетите и нормализирање на наставниот процес – информира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Во моментов осигурителна компанија прави процена на направената штета.

Фото: Општина Ѓорче Петров

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top