Никогаш не знаеме како ќе се развива кој било ден. Можеме да го испланираме секој час и да го следиме планот, во еден од сосема „обичните“ денови исполнети со обврски и едноставен семеен живот, но на крајот една работа може да го промени не само денот, туку и животот. На крајот, твоето дете ти го спасува животот.
Кога мајката Ријан Хаселип се разбудила еден ден чувствувајќи се лошо, не придала многу значење затоа што знаела дека заморот е дел од животот. Но, како што минувале часовите, се чувствувала многу полошо, имала мачнини и имала чувство дека ќе поврати. Ги оставила својата 7-годишна ќерка Џесика и 3-годишниот син Броди пред телевизорот и отишла во бањата.
Во бањата повратила и тоа е последното на кое се сеќава. Доживеала напад, првпат во животот, а обидувајќи се да се спушти по скалите, паднала и не можела да се помести.
@rhianhx When your (just turned) seven year old daughter, literally helps to save your life. So incredibly blessed. ❤️😢 #999 #999call #ambulance #ema #fyp ♬ original sound – Rhian
Ќерката Џесика го слушнала тоа и ја нашла мајка си како лежи на подот и се тресе. Не мора да се каже дека дури и голем дел од возрасните би испаничиле и би се збуниле, но не и малата Џесика. Таа ѝ го спасила животот на својата мајка повикувајќи брза помош. Таа смирено разговарало со операторот, давајќи ги сите потребни информации. Снимката од разговорот била толку неверојатна што брзата помош во Источен Мидленд, каде што живее семејството , ја споделила на социјалните мрежи и ѝ доделила специјална награда за храброст.
На снимката, операторката Софија Денет ја води Џесика низ секој чекор, ја испрашува за можните ситуации за да утврди што се случило, ѝ кажува да ги отстрани предметите од главата на мајката и да го следи нејзиното дишење додека не стигне брзата помош. Џесика без паника и многу внимателно ги следела сите инструкции додека мајката полека доаѓала до свест. Во еден момент, дури ѝ кажала на мајката: „Мамо, доаѓа помош“.
Повикот траел 30 минути. За тоа време, Џесика морала да ѝ ги ослободи дишните патишта на мајката кога таа се задушувала од повраќање.
– Џесика ми го спаси животот. Да останев таму со тие континуирани напади, ќе умрев – вели мајката.
Подоцна, во болница е утврдено дека мајката имала крвни згрутчувања во мозокот, претрпела мини мозочни удари и имала голема дупка во срцето, поради што мора да се оперира. Нејзината 7-годишна ќерка буквално ѝ го спасила животот. Не само што останала мирна кога го повикала бројот за итни случаи, туку направила нешто навистина неверојатно – го зела прстот на нејзината мајка и го отклучила телефонот.
Хаселип подоцна истакнала дека голем дел од заслугата припаѓа и на операторката која разговарала со нејзината ќерка, бидејќи токму таа ѝ помогнала да остане смирена.
– Да разговараше со друг оператор, можеше да заврши поинаку – вели мајката, нагласувајќи колку е важно да се разговара со децата за броеви за итни случаи, да научат како да повикаат и да знаат точна адреса.