Девојчето е родено во мај, а нејзиниот брат во август.
Шансите да родите двапати во текот на иста бременост се 1 спрема 50 милиони, а 29-годишната Лилија Коновалова од Северен Казахстан е токму таа една личност од 50 милиони.
Имено, таа пати од состојба „uterus didelphys“, што значи дека има две матки. Се работи за состојба која се среќава кај една од 2 илјади жени, а шансите истовремено во двете матки да се развие бременост се извонредно мали, па таквите бремености имаат поголем ризик од предвремено породување и спонтан абортус.
Така, Лилија во 25. недела од бременоста прерано го родила своето девојче Лијаја, на 24 мај, која тежела помалку од еден килограм, но нејзиниот брат Максим морал да почека уште некое време пред да дојде на свет. Тој е роден на 9 август, со речиси три килограми и веднаш ја надраснал својата постара сестра.
фотоизвор: „Фејсбук“
Иако неизвесноста траела долго, сепак, новопечената мајка и нејзините деца се добро.
– Благодарение на докторите, успеавме. Она што го направија е вистинско чудо – рекла Лилија во соопштение.
Автор: Џенифер Нид