Здравје

Неверојатно откритие: Јазичниот развој на бебето започнува уште во утробата

Дури и еден месец пред да се родат, бебињата во утробата на нивните мајки можат да го разликуваат мајчиниот јазик од туѓиот, се вели во едно истражување. Имено, студијата ги испитувала идните мајки во Америка и било откриено дека нивните неродени бебиња можат да разликуваат дали некој зборува англиски или јапонски.

Користејќи неинвазивна технологија, Медицинскиот центар при Универзитетот во Канзас и група научници од Одделот за лингвистика покажале дека бебињата можат да го разликуваат јазикот уште во утробата.

– Бебињата стари само неколку дена покажаа одреден степен на чувствителност на ритмичките разлики помеѓу различните јазици – изјавил Утако Минаи, професор по лингвистика и водач на ова истражување. Некои претходни истражувања покажале промени во однесувањето на бебето, на пример, во темпото со кое цица цуцла кога говорникот го менува јазикот што го зборува, објаснил Минаи.

– Ова нѐ натера да се запрашаме кога се појавува оваа чувствителност на ритмичките разлики, вклучително и дали овој процес се случува пред раѓањето – рекол Минаи.

„Неродените бебиња можат да слушнат надворешни звуци додека се во утробата, вклучувајќи го и говорот. Тие звуци се придушени, но ритмичноста што ја носи секој јазик останува зачувана“.

Минаи истакнал дека претходната студија веќе покажала на што работи неговиот тим, но дека ова е првпат за таа цел да се користи многу попрецизен уред, наречен магнетокардиограм. Околу дванаесет жени, секоја во осмиот месец од бременоста, биле прегледани со помош на овој уред, кој може да детектира отчукувања на срцето, дишење, а е и далеку „почувствителен“ од ултразвукот.

-Се разбира, срцето не може да „слуша“, но ако бебето реагира на промена на јазикот што го зборува некој, со промена на чукањето на срцето, тој одговор доаѓа од мозокот – велат научниците кои учествувале во студијата.

И токму тоа се случило.

– Мозокот на фетусот брзо се развива и формира нервни врски, а околината во матката е доста бучно место. Фетусот го слуша мајчиниот стомак, нејзиниот глас и чукањето на срцето, како и звуците во нејзината околина. Ако не го изложевме фетусот на звуци, тој немаше да се развие правилно, а оваа студија покажа дека важен дел од тој развој е поврзан со јазикот – ова е заклучокот на истражувачите што ја спровеле оваа студија.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top